| четврток, 6 декември 2018 |

Капитенот им зари нож во градите на навивачите на Фенербахче, потпиша четиригодишен договор со Бешикташ!

gjonul

Неверојатен трансфер се случи во Турција. Капитенот на Фенербахче и турски репрезентативец, Гокан Ѓонул, одлучи да потпише договор со лутиот ривал Бешикташ. Оваа негова одлука ги изненади сите во турскиот фудбал, а најразочарани се фановите на Фенербахче, за кои Ѓонул од најмилен стана најомразен лик.

Тој во редовите на Фенербахче мина цели девет сезони, па токму и затоа преселбата во градскиот ривал Бешикташ е помалку неверојатен. Но, сепак, Гокан Ѓонул потпиша четиригодишен договор со тимот на Бешикташ, а тоа предизвика вистинска навивачка револуција во Истанбул и во цела Турција.

Гокан Ѓонул игра на позицијата десен бек, за Фенербахче настапи на 253 натпревари и постигна десет погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top