| четврток, 6 декември 2018 |

Крвав пир: Во напад со автоматско оружје убиени 5 лица, најмалку 20 ранети!

пир

Пет лица се убиени, а 20 ранети ноќеска во местото Житиште, крај Зрењанин, кога лицето З.С. (38) влегло во кафулето „Макијато“ и истрелало повеќе куршуми од автоматско оружје, соопшти српското МВР, а пренесе Танјуг.

Тешкото убиство се случило околу 01.40 часот, а З.С. испукал повеќе истрели од автоматското оружје и притоа ја убил својата сопруга и уште едно женско лице, по што продолжил да пука врз сите кои во тој момент се наоѓале во кафулето, наведува МВР.

пир2

Припадници на Министерството за внатрешни работи го уапсиле З.С, а увидот е се уште во тек, се наведува во соопштението.

Четири лица се здобиле со тешки повреди, а меѓу ранетите најмалку тројца се малолетници.

пир3

Љубоморниот маж пукал од калашњиков и притоа ја убил својата сопруга и веројатно нејзината пријателка.

Од петте жртви две починале на лице место, а три на повредите им подлегнале во зрењанинската болница.

Повредените се згрижени во зрењанинската болница, додека три лица се префрлени во Клиничкиот  Центар Војводина , а едно во Сремска Каменица.

Припадниците на полицијата и натаму го истражуваат објектот, а се очекува и доаѓање на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

До убиството дошло за време на традиционалната манифестација „Пиле фест“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top