| четврток, 6 декември 2018 |

Познато првото полуфинале, Велс со историски подвиг на ЕП (видео)

wales-belgium-euro2016

Велшаните се апсолутен хит на Европското првенство во Франција, откако вечерва по победата над Белгија се пласираа во полуфиналето.

Извонреден натпревар на стадионот „Пјер Мороа“ во Лил, на крајот видовме големо славје на фудбалерите на Велс кои го постигнаа најголемиот успех во историјата на оваа држава.

Токму најголемите изненадувања на ова ЕП, Велс и Исланд се единствените репрезентации кои успеаа да постигнат голови на сите нивни мечеви на ова првенство.

А вечерва Велшаните беа супериорни против Белгијците, ги совладаа со 3-1 во второто четвртфинале на ЕП во Франција.

Стартот беше лош за Велс. Репрезентативците на Белгија на почетокот на мечот покажаа дека се наоѓаат во сјајна форма, имаа неколку одлични шанси, но Велшаните добро се бранеа.

Највпечатливи во првите минути беа обидите на Караска, а потоа и на Азар и Муниј, но во тие ситуации Велс успешно блокираа.

Но, следуваше 13. минута кога го видовме најубавиот момент до тогаш на натпреварот. Азар го проигра Наинголан, кој одлично се намести и упати една „бомба“ во десниот агол од голот, а Хенеси иако се испружи максимално, беше немоќен да одбрани. Белгија води со 1-0.

wales-belgium-0-euro2016

wales-belgium-0x-euro2016

Белгијците беа подобар противник во првиот дел од првото полувреме, а потоа Велс од 25. минута тргна во посериозна офанзива кон голот на Куртоа. Одлична акција имаа во 26. минута кога по додавањето од Ремзи, шутираше Тејлор, но Куртоа успешно интервенираше.

wales-belgium-6-euro2016

Во 30. минута Белгијците направија голема грешка во одбраната, Лукаку и Денаер лошо изиграа во одбраната по изведениот корнер, а капитенот Ешли Вилијамс го искористи тоа и со глава ја заби топката во мрежата за израмнувачки 1-1.

wales-belgium-1-euro2016

До крајот на полувремето немаше други посериозни шанси. Во второто полувреме Белгија веднаш стартуваше агресивно во нападот. Лукаку, Азар и Дебруин напаѓаа, Велшаните успешно се бранеа, а во 55. минута во една полуконтра стигнаа до целосен пресврт на резултатот.

wales-belgium-5-euro2016

Герет Бејл ја за почна акцијата по десната страна, одлично го проигра Арон Ремзи, кој ја проследи топката во шестнаесетникот. Таму Робсон Кану со „мајсторска“ финта ја прелажа целата одбрана на Белгија и прецизно биеше, совладувајќи го голманот Куртоа за водство на Велс од 2-1.

wales-belgium-2-euro2016

wales-belgium-2x-euro2016

По овој шок, на Белгијците не им остана ништо друго освен со сите сили да нападнат кон голот на Хенеси. Фелаини се обиде во 75. минута со глава, но Велшаните добро се прегрупираа во својот шастнаесетник и успешно ги одбиваа нападите на Белгија.

wales-belgium-4-euro2016

Дефанзивецот Џордан Лукаку го напушти теренот, а на негово место во игра влезе напаѓачот Дрис Мертенс, што доволно говори за целосната офанзива на селекторот Вилмотс.

Сепак, немаа среќа Белгијците, покрај тоа што не успеваа да стигнат до израмнувачки погодок, следуваше нов шок за нив, што значеше крај за сите нивни надежи за полуфинале.

wales-belgium-3-euro2016

Во контра напад, Гантер извонредно нафрли од десната страна, а Воукс со глава ја смести топката во подалечниот агол од голот за конечни 3-1 во 86. минута од мечот и историско полуфинале на ЕП за Велс.

Велс во полуфиналето ќе игра против Португалија, во среда (6. јули) ви 21:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top