Една поранешна студија покажала дека кучињта ги сакаат своите сопственици пет пати повеќе од мачките и дека се многу поприврзани за нив. Доказ за тоа е нивната безкомпромисна послушност кога станува збор за командите, додека со мачките на тоа поле е „тешко да се преговара“.
Научникот Пол Зак земал примероци од крв од 10 кучиња и од 10 мачки пред и после играњето со нивните сопственици, бидејќи сакал да го провери нивото на окситоцин (хормонот на среќа) во нивната крв.
Кога сме во друштво со драги личности, се излачува и до 50 отсто, а кога таа бројка оди уште нагоре, значи дека сме во друштво со некој кој неизмерно го сакаме, како на пример-децата.
По експериментот на Зак, нивото на окситоцин кај кучињата бил 57,2 отсто. Процентот на окситоцин кај мачките бил само 12 отсто.
Зак објаснува дека ова никако не значи дека оние кои чуваат мачки треба да очајуваат. Мачките инаку се помалку друштвени од кучињата и повеќе се врзуваат за територијата, а овој експеримент е спроведен во стерилни услови. Тој наведува дека резултатите од експериментот веројатно би биле поинакви тој да бил спроведен во куќата на сопственикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.