Женските полови органи воопшто не личат еден на друг и разликите се огромни. Како што има разлика во ликот, така и во интимните делови. Големината, бојата и обликот на внатрешните усни се различни кај секоја жена, објаснуваат пластичните хирурзи.
Но, сите вагини се нормално, велат хирурзите, а некои се поголеми, некои симетрични, некои не се, но сепак, станува збор за милиметри.
Според податоците, бројот на жените кои со пластични операции сакаат да ги намалат внатрешните усни, а оние надворешните, на лицето да ги зголемат, е се поголем.
Просечните надворешни усни се долги околу четири сантиметри, со варијација до два сантиметри повеќе или помалку. Внатрешните се долги околу два сантиметри, исто така со мали отстапки.
Грижата за тоа дали вагиналниот отвор е огромен е неоправдана, бидејќи тој е со слична големина и разликата се мери во милиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.