| четврток, 6 декември 2018 |

Добро е да се знае: Поради недостаток на секс вагината не се стеснува

Што точно се случува со жените кои долго време немале секс?

Сексот е одличен за нашето тело – го подобрува сонот, го зајакнува имунолошкиот систем, согорува калории, ни ја зајакнува самодовербата…

Но, исто така и недостатокот може да доведе до неколку промени.

Што точно се случува со жените кои долго време немале секс?

Вагината НЕ се стеснува

Тоа е мит во кој жените (не) сакаат да веруваат. Вагината може да се стегне или стесни само ако ви недостасува возбуда.

Ќе ви биде потребно подолго време да постигнете оргазам

А, за тоа може да му се „заблагодарите” на стравот од опуштање, кој е честа појава по долга пауза.

Промени во предменструалниот циклус

Ако се воздржувате од секаков секс, вклучувајќи ја и мастурбацијата, грчевите пред менструалниот циклус може да се зголемат и засилат. Оргазмите ја намалуваат болката и напнатоста, па јасно е зошто тоа се случува кога ги нема нив.

Чувство на сувост

Сексуалното возбудување ви помага да ја одржите природната влажност на вагината.

Чувство дека нешто „не функционира“ добро

Вагината е мускул, и како со сите останати мускули кои ни се „чудни” кога не ги користиме, истото се случува и ако ви недостасува секс. За среќа, сè се враќа брзо во нормала.

Промена на сексуалниот одговор

Ако имате долга пауза од сите типови на секс, може да забележите промена во тоа како телото ви реагира на сексуалното возбудување. Тоа не значи дека треба да ја избегнувате паузата, но не би требало и да се плашите од промените кои ќе ги доживеете кога повторно ќе се активирате

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top