Мажите кои користат кондоми често се жалаат на неудбност, дека „не чувствуваат речиси ништо“ или дека кондомот не им одговара.
Според најновите истражувања, само една третина од сексуално активните мажи во САД користи кондоми. Откако стигна одобрувањето од Службата за безбедност на храна и лекови (FDA), една компанија со седиште во Бостон почна да продава кондоми во 60 големини, во комбинации со десет должини и девет ширини.
Дали овој диверзитет во понудата ќе го рабие анимозитетот кон користењето кондоми, единственото средство за контрацепција што штити од речиси сите облици на сексуално преносливи болести?
Експертите не се сосема сигурни.
Многу обиди за подобрување на кондомите не успеале, иако тестирањето за одобрување од FDA е исклучително скапо, имајќи предвид дека кондомите се сметаат за медицинско средство.
Кога компанијата „Global Protection Corporation“ од Бостон пристапила на FDA за измени на критериумите и стандардите и воведување на новини и промени, приоритет била помала големина на кондоми, вели директорот Дејвин Ведел.
Сѐ до неодамна, според пропишаните стандарди, кондомите мораше да бидат долги најмалку 17 сантиметри. Меѓутоа, истражувањата покажаа дека просечниот пенис во еректирана состојба е 2,5 сантиметри пократок.
Деби Хербеник, експертка за сексуално здравје од Универзитетот во Индијана, заедно со нејзините колеги го објави истражувањето спроведено на 1.661 маж од целата територија на САД, што покажа дека дури 83% од мажите имаат проблем со кондомите со стандардна величина бидејќи им се преголеми. Просечната должина била околу 14 сантиметри.
Разноврсната и прилагодена понуда на кондоми под името „myONE Perfect Fit“ подразбира големини од 12,4 до 23,8 сантиметри во должина и обем од 8,9 до 12,7 сантиметри.
„Ако веќе купувале кондоми во помали величини што пак им биле преголеми, тоа е ужасно искуство за мажите“, вели Ведел чија компанија припаѓа на брендот „myONE condoms“.
Само за неколку часа откако биле пуштени во продажба, нарачани биле кондоми во сите 60 величини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.