Опозициската партија СДСМ денеска ги повикуваше граѓаните да излезат на протест, но студените не излегоа на улица, иако беа повикани од студетскиот пленум. Тие не сакаат да тераат агенда на СДСМ. Студентите не ги поддржаа деструкциите на СДСМ.
Но, откако пропадна „Шарената револуција“, платениците на СОРОС и на СДСМ некако мораат да ги оправдаат хонорарите, па одлучија наместо студентите, тие да го поддржат нелегитимниот пленум. Мегафоните на СДСМ, цел ден преку социјалните мрежи повикуваа на протест, но залудно.
Повозрасни лица, дел од нив и пензионери излегоа пред СПУКМ буквално не знаејќи за што протестираат.
Но, денешниот протест е само уште еден доказ дека деструкциите на СДСМ не поминуваат кај граѓаните. Студентите не ги поддржаа погубните политики на опозицијата, а уште помалку го поддржуваат насилството кое Пленумците синоќа го манифестираа врз своите колеги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.