| четврток, 6 декември 2018 |

Контроверзниот видео запис на Канје Вест на Јутјуб

Канје Вест деновиве повторно е во центарот на вниманието благодарение на контроверзниот видео запис за неговиот нов сингл „Популарен“.

кв

Имено, во екранизацијата на оваа песна се најдоа голи восочни фигури од бројни познати личности – од политичари до музички ѕвезди, меѓу кои поранешниот американски претседател Џорџ Буш, Ана Винтур, Доналд Трамп, Ријана, Крис Браун, Бил Козби, Кејтлин (претходно Брус) Џенер како и Тејлор Свифт, со која Канје имаше недоразбирања во повеќе наврати, неговата поранешна девојка Амбер Роуз и поранешното момче на неговата сопруга Ким, раперот Реј Џеј, со кого старлетата се „појави“ во озлогласеното „домашно видео“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top