| четврток, 6 декември 2018 |

Германците не сакаат европска „супердржава“

ber

Мнозинството Германци не сакаат поблиски врски меѓу членките на Европската унија покажува анкетата на весникот „Шпигел“ според која 64 проценти бараат повеќе одлуки да донесуваат националните влади, а само 27 отсто се согласуваат да се даде поголема моќ на Брисел.

Истражувањето спроведено на 28 и 29 јуни на 1.014 испитаници покажува декa 87 проценти од Германците се за членство на земјата во ЕУ додека 10 отсто бараат Германија да ја напушти унијата, јави дописникот на МИА од Берлин. Пред два месеци процентот на тие што сакаа земјата да излезе од ЕУ (Дексит) беше 13 проценти. Наспроти ставот на јавноста германските политичари бараат поголема поврзаност меѓу ЕУ членките.

Министерот за финансии Волфганг Шојбле смета дека зголемена интеграција на внатрешниот пазар и движење на капиталот преку националните граници со минимални ограничувања треба да биде приоритет. Шојбле смета дека простор за згoлемување на соработката има при договарање заеднички одлуки за постигнувањње на економски раст, подобрување на контролата на надворешни граници на ЕУ и заедничката европска политика за азил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top