Легендарниот српски кошаркарски тренер Душан Ивковиќ еден од најтрофејните стручњаци во овој спорт, реши да стави крај на богатата кариера.
Легендарниот Дуда кој е во поодминати години, иако сеуште го служи здравјето и до пред 2 месеци беше тренер на Анадолу Ефес, вели дека е решен да стави крај на тренерска кариера. Тој во изјавата дополни дека како тренер морал секојдневно да носи важни и тешки одлуки, но никоја не била како оваа од пред неколку дена.
Тој во соопштението до Танјуг истакна дека кошарката не била негова работа, туку негов живот.
– Тренерскиот ангажман подразбира секој ден да носите важни и често премногу тешки одлуки. Сепак, кога таа работа истовремено е и голема љубов, предизвиците се совладуваат со леснотија. Токму затоа во сите овие децении никогаш не сум чувствувал стрес, туку смао голема страст. Мојата последна одлука како тренер, да се повлечам, е логична, рационална и подеднакво тешка како и многу други кои ги донесував во текот на кариерата – се вели во изјавата што Душан Ивковиќ ја испрати до новинската агенција Танјуг.
Душан Ивковиќ во својата кариера освои 20 трофеи, од кои два во Евролигата со Олимпјијакос, а како селектор на Југославија и на Србија има олимписко сребро во Сеул во 1988, потоа светска титула во Аргентина во 1990 и три злата на ЕП (1989, 1991, 1995).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.