Премиерот Емил Димитриев денеска апелира на конструктивност од сите политички партии за да се надмине политичката криза во земјава.
Димитриев вели дека партиите имаат средби на разни теми и се надева дека кога ќе оценат дека постои суштина и оправданост ќе дојде до нова лидерска средба за надминување на политичката криза.
-Како претседател на Владата јас се надевам и апелирам сите партии да имаат максимална конструктивност сè со цел што побрзо да заврши оваа политичка криза, која има негативни последици и по економијата и по другите сфери на општетсвеното живеење. Ние како Влада работиме максимално посветено на нашите програмски определби, кои значат подобри стандарди во сите области на човековото живеeње, така што очекувам и партиите со својата конструктивност да придонесат да излеземе од оваа криза – рече Димитриев одговорајќи на новинарски прашања по денешната посета на фабриката „Милина свитс“ во Индустриската зона во Штип.
Премиерот, Димитриев денеска заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директор на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски бе[e во посета на фабриката „Милина свитс“ во Индустриската зона во Штип, со што официјално, од денеска, стратува и владиниот проект „Македонија вработува 2“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.