| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Партиите да покажат конструктивност за надминување на кризата

milina

Премиерот Емил Димитриев денеска апелира на конструктивност од сите политички партии за да се надмине политичката криза во земјава.

Димитриев вели дека партиите имаат средби на разни теми и се надева дека кога ќе оценат дека постои суштина и оправданост ќе дојде до нова лидерска средба за надминување на политичката криза. ­

-Како претседател на Владата јас се надевам и апелирам сите партии да имаат максимална конструктивност сè со цел што побрзо да заврши оваа политичка криза, која има негативни последици и по економијата и по другите сфери на општетсвеното живеење. Ние како Влада работиме максимално посветено на нашите програмски определби, кои значат подобри стандарди во сите области на човековото живеeње, така што очекувам и партиите со својата конструктивност да придонесат да излеземе од оваа криза – рече Димитриев одговорајќи на новинарски прашања по денешната посета на фабриката „Милина свитс“ во Индустриската зона во Штип.

Премиерот, Димитриев денеска заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директор на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски бе[e во посета на фабриката „Милина свитс“ во Индустриската зона во Штип, со што официјално, од денеска, стратува и владиниот проект „Македонија вработува 2“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top