| четврток, 6 декември 2018 |

Сочувство од Димитриев до рускиот премиер Медведев

dimitriev

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев испрати писмо со сочувство до премиерот на Руската Федерација Димитриј Медведев по повод терористичкиот акт во Санкт Петербург.
– Веста за грозоморниот терористички акт кој се случи во Санкт Петербург длабоко ме вознемири и растажи. Во името на македонската Влада и граѓаните на Република Македонија, Ве молам примете ги изразите на најдлабоко сочувство и пренесете ги до семејствата на жртвите и до руските граѓани. Терористичките закани не смеат и нема да го променат слободниот начин на живот без страв, пишува Димитриев во телеграмата.

Во неа македонскиот премиер додава дека Република Македонија ќе продолжи да биде партнер на целата меѓународна заедница во борбата против тероризмот во која, како што пососчува, потребен е заеднички, координиран и одлучен одговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top