Македонскиот вицешампион Металург во новата сеозна од Лигата на шампионите ќе игра во групата Ц. Со ждрепка, која се одржа во Глоструб, Данска, „металурзите“ добија тешки противници во групата. Покрај шпанската Ла Риоха, која е носител во групата Ц, Металург силите ќе одмери уште со Чеховски медведи, Монпелје, Елверум и победникот од квалификациската група 1 (Горење, Татран, Ред Бојс и Кокс).
Во следната рунда ќе се пласираат само двете првопласирани екипи.
Во групата Д силите ќе ги одмерат Нант, Холтесбро, Мотор Запорожје, Бешикташ, Динамо Букурешт и победникот од квалификациската група 2.
Металург втора годиуна по ред настапот во ЛШ го обебзедува со „вајлд-карта“ од ЕХФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.