| четврток, 6 декември 2018 |

Невкусен потег на шпански новинар, го слави Роналдо, а го исмејува Меси (видео)

novinar

По победата на Португалија над Полска во пенал-рулетот во првото четвртфинале на Европското првенство во Франција, интересно видео ни доаѓа од Шпанија.

Имено, еден од најпознатите шпански спортски новинари Томас Ронцеро, синоќа беше во елемент, откако Роналдо успеа да го реализира ударот од 11 метри.

Ронцеро, погодокот на португалскиот капитен го бурно го прослави извикувајќи:

– Тоа е мајсторе! Покажи му на малиот Меси како се изведува пенал – осврнувајќи се на промашениот казнен удар од страна на фудбалерот на Аргентина во финалниот натпревар од Копа Америка против Чиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top