| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто го криеше досега – Стана Катиќ го покажа мажот, жените „одлепија“

stana

Холувудската актерка со српско потекло, Стана Катиќ, минатата година се омажи за своето долгогодишно момче, Крис Бркљач, но дури сега на своите следбеници на социјалните мрежи им покажа како тој изгледа.

Стана и Крис ретко се појавуваа во јавноста, а актерката сопругот ја следеше неколку пати на црвениот тепих и премиерите, но тој досега одбиваше да се фотографира, па непостои нивна заедничка фотографија. Затоа фановите беа одушевени кога таа на Инстаграм објави негова фотографија. Се редат бројни коментари од типот каде го фатила и каде го криела досега.

Стана и Крис се венчаа минатата година на церемонија во Далмација. Крис е бизнисмен, а вистинското име му е Србољуб. Роден е во  Австралија, но родителите му се по потекло од Лика. Како тинејџер отишол во Америка каде едно време бил и бездомник.Сепак успела да заврши факултет и развие сопствен бизнис, а Стана ја запознал преку нејзиниот брат Марко со кој бил бизнис партнер. Зад себе има еден пропаднат брак.

stana2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top