| четврток, 6 декември 2018 |

Изгубена во Белград или…

stana
Светски познатата канадска актерка со српски корени Стана Катиќ, повторно допатува во земјата на своите родители.
Имено, таа го посети Белград во јануари годинава, но сега повторно дојде во Србија за да ужива во дружењето со членови на своето семејство, но и да ужива во знаменитостите на српската престолнина.
Ѕвездата на популарната серија „Касл“ за време на претходната посета на Белград се фотографираше на Скадарлија, а овојпат сними селфи во Катичевата улица.
-Изгубена во Белград…Или…? – се пошегувала Стана под објавената фотографија.
stana3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top