| четврток, 6 декември 2018 |

Холивудската актерка Стана Катиќ во страв – добива смртни закани!

стана

Холивудската актерка со српско потекло Стана Катиќ и нејзиниот сопруг ги пријавиле во полиција сѐ почестите закани што ги добиваат во последно време.
Извор близок на службени лица од полицијата рекол дека сопругот на Стана, Крис, пријавил во полиција дека непознат човек ѝ се заканува на актерката преку социјалните мрежи. Меѓу заканите се и речениците „Крис, се надевам дека ќе умреш“, „Посакувам ти и целото твое семејство да добиете рак“, итн.

Вознемирувањето почнало уште во октомври, но работите се влошиле во февруари кога непознатиот човек почнал да им се заканува и на членовите на семејството на Стана. Стана и Крис се загрижени бидејќи тие имиња не се наведени никаде во јавноста.

Полицијата утврдила дека осомничениот не е во Америка, но сѐ уште не стапиле во контакт со него.

Стана Катиќ ја глуми Кејт Бекет во детективската серија „Кастл“ последните седум сезони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top