| четврток, 6 декември 2018 |

Вилмотс: Голема спортска трагедија за Белгија е неиграњето на Вертонген

mark vilmots

Вечерва на „Пјер Моруа“ во Лил една од репрезентациите која е во кругот на фаворитите за освојување на Европското првенство, Белгија ќе се сретне со Велс во обидот да се пласира во полуфиналето.

Со игрите што ги прикажаа „црвените ѓаволи“ во натпреварите против Унгарија и Република Ирска избраниците на селекторот Марк Вилмотс докажаа дека на нив серизно мора да се смета во завршницата од Европскиот шампионат и дека поразот од Италија во првото коло од групната фаза бил само еден лош ден, кој лесно е преброден.

Сепак, проблемите не ја заобиколија Белгија бидејќи до крајот на првенството нема да може да сметаат на централниот дефанзивец и еден од главните столбови во играта, Јан Вертонген.

– Вертонген, за жал, го заврши Европското пренство и нема да игра 6-8 недели. Не е трагедија за него, ќе заздрави, но за нас во овој момент на првенството е спортска трагедија. Играше во одлична форма, а веќе ни недостигаат сите дефанзивци. Направи движење на тренинг кое го прави 10.000 пати и секогаш е во ред, но сега се повреди. Не е лесно ова да се прифати, во голема форма го играше првенството – потврди Вилмотс.

Селекторот на Белгија пред турнирот остана без капитенот Винсент Компани, а Томас Вермален не играше во континуитет, па дефанзивните проблеми на „црвените ѓаволи“ може да бидат проблем за Вилмотс пред вечерашниот дуел со Бејл и соиграчите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top