УЕФА на официјалната веб-страница потврди дека сите 1.818 допинг-примероци, земени од играчите од тимовите учесници на Европското првенство во Франција, се негативни. 1.464 се пред турнирот и 354 примероци земени од фудбалери по натпреварите во Франција не донесоа ниту еден позитивен допинг-тест.
Тестовите на крв, урина и серумски примероци потврдуваат дека фудбалот е еден од оние спортови со најмалку позитивни допинг-случаи. Не е исклучена можноста за дополнително тестирање за врема на последната недела од првенството.
УЕФА има право и ненајавено да влета на тренинг и да побара одредени фудбалери да се тестираат, а по секој натпревар со ждрепка тројца од секоја репрезентација се подложни на тестови на урина, крв и серумски примероци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.