Шпанскиот репрезентативец Нолито и официјално е претставен како ново засилување за англискиот премиерлигаш Манчестер сити. Тој потпиша четиригодишен договор со клубот и повторно ќе работи со Пеп Гвардиола, кој своевремено му беше тренер и во Б-тимот на Барселона.
– За мене ова е нов голем предизвик. Се радувам што доаѓам во Манчестер сити и во Премиер-лигата. Се радувам и на новата соработка со Пеп Гвардиола, верувам дека под негово раководство ќе станам уште подобар фудналер, а со Манчестер сити ќе освојувам трофеи – истакна Нолито на својата презентација на „Етихад“.
Нолито доаѓа од редовите на шпанскиот прволигаш Селта, каде што постигна 39 гола во своите 103 настапи во дресот на овој клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.