Светски феномен и раритет во Шибеник, Хрватска. Дваесет и петгодишните еднојајчени близначки Сара Мариќ и Кармен Сладиќ се породија во ист ден. Кармен, која веќе го има тригодишниот Мате, го роди Тони, а десет минути постарата Сара го роди своето прво дете, ќеркичката Тонина.
И двете сестри се породија со царски рез.
Тие велат дека феномално и неописливо е чувството да се добие дете и внуче во ист ден и дека тоа не е коинциденција, туку силна сестринска поврзаност.
– Кога утрото Кармен се породи, бев во креветот во породилиштето и на гради ми го ставија нејзиното сѐ уште неизмиено бебе. Кога ја примив во раце, ми навреа толку многу емоции и возбуда – вели Сара.
Тие ноќта пред породувањето ја поминале во ист кревет бидејќи така се чувствувале посигурно и помирно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прегрнати со баба им и дедо им: Пронајдени мртви двете мали близначки
-
Сестри близначки се спасиле од пожарот, но потоа им се губи трагата: Таткото преку медиуми моли за помош
-
Близначките покажаа како „Дура челинџ“ се прави професионално (видео)
-
Педијатри: Мајките прво бараат помош од Гугл, па потоа од стручно лице