| четврток, 6 декември 2018 |

Сара и Кармен родија во ист ден

Светски феномен и раритет во Шибеник, Хрватска. Дваесет и петгодишните еднојајчени близначки Сара Мариќ и Кармен Сладиќ се породија во ист ден. Кармен, која веќе го има тригодишниот Мате, го роди Тони, а десет минути постарата Сара го роди своето прво дете, ќеркичката Тонина.

И двете сестри се породија со царски рез.

sestre_blizanke07-280616

Тие велат дека феномално и неописливо е чувството да се добие дете и внуче во ист ден и дека тоа не е коинциденција, туку силна сестринска поврзаност.

 

– Кога утрото Кармен се породи, бев во креветот во породилиштето и на гради ми го ставија нејзиното сѐ уште неизмиено бебе. Кога ја примив во раце, ми навреа толку многу емоции и возбуда – вели Сара.

Тие ноќта пред породувањето ја поминале во ист кревет бидејќи така се чувствувале посигурно и помирно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top