| четврток, 6 декември 2018 |

Извлечен “бродот на мртвите”- имал 800 луѓе, сега стотина лешови (Видео)

Ова е една од најголемите операции од тој вид, ако не и најголема. Очекуваме помеѓу 400 и 600 тела”, рекла докторката Кристина Катанео.

tela-migranti-brod-libija-01

Италијанската крајбрежна стража кај брегот на Либија, од морето извлекла брод на кој има стотина тела од мигранти, пренесува Telegraf.rs.

Инаку, овој рибарски брод во април минатата година тргнал од Либија кој Италија, а на него имало 800 патници. Тој потонал по судир со брод во акција за спасување, а само 28 лица успеале да преживеат.

За една година, 169 тела испливале на површината, а за останатите се постои сомнение дека се наоѓаат под палубата. Овие луѓе биле заклучени долу и не успеале да побегнат на време, пишува Градијан.

tela-migranti-brod-libija-02

Италијанските форензичари ќе почнат со идентификација на телата по оваа акција.

“Ова е една од најголемите операции од тој вид, ако не и најголема. Очекуваме помеѓу 400 и 600 тела”, рекла докторката Кристина Катанео, лидер на тимот од 50-тина патолози чија задача е да ги идентификуваат телата.

Трагедијата се случила во време кога 1.200 луѓе загинале во обид за преминување од Либија во Италија, и тоа за само една седмица.

Лидерите на државите на ЕУ постигнале договор за повторно започнување на спасувачки операции во Средоземното море помеѓу Либија и Малта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top