| четврток, 6 декември 2018 |

Жената која почина во сообраќајката му е сопруга на трактористот

Смиља Давиткова (61) е жената која почина во тешката сообраќакна несреќа која се случи на први мај во кочанско, а во која уште настра и нејзиниот сопруг Миле Давитков (63), а 11 деца беа повредени. Давитков почина на местото на несреќата, а неговата сопруга им подлегна на повредите на пат до  болница.

traktor

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека покрај нив двајца во тракторот била и 24 годишна девојка.

Во полицискиот билтен е наведено дека 18 сопатници се здобиле со повреди и биле префрлени во Медицинскиот центар во Кочани,  каде четворица биле задржани, додека останатите 14 поради сериозноста на повредите биле упатени на лекување во  Медицинските центри во Скопје, при што по пат починала сопругата на возачот.

Од задржаните лица во Медицинскиот центар во Кочани едно подоцна е пуштено на домашно лекување.

Останатите повредени  се  малолетни лица на возраст од седум до 15 години.

Полицијата на местото на настанот извршила увид во присуство на Истражен судија и Јавен обвинител, а телата на починатите се предадени за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top