| четврток, 6 декември 2018 |

Последните стихови на вечното почивалиште: Јелена ќе почива под својата тага

jelena zoran

Соседите на семејствата Марјановиќ и Крсмановиќ за српски Телеграф потврдиле дека ожалостените фамилии ја нарачале надгробна плоча за убиената Јелена, на која најверојатно ќе бидат испишани стиховите на нејзината необјавена песна.

– Веќе со мајсторите се договориле каков споменик сакаат. Зоран планираше него да го красат стиховите од необјавената песна, последната која Јелена ја испеала, изјавил еден од соседите на семејстовото Марјановиќ.

Кога новинарите го контактирале семејството Марјановиќ, на телефонот кренал таткото на Зоран, Владимир, кој не сакал да даде никаков коментар околу ова.

Инаку, сопругот на Јелена сакал посхумно да ја објави песната, што неговиот татко и го потврдил на една новинарка додека го земал лаптопот од полициската станица во која бил задржан како доказ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top