Италијанскиот шампион Јувентус потврди дека го ангажирал 14-годишниот Никола Секулов, македонски талент кој е роден во Пјаџенца. Италијанските медиуми не штедат комплименти за младиот фудбалер кој има неколку настапи во младинските категории на македонската репрезентација.
Секулов досега настапуваше на турнири и пријателски натпревари за „старата дама“, по што клубот потпишал договор со македонскиот талент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.