Драмскиот театар Скопје, на петти јули, во рамки на фестивалот Скопско лето, ќе ја прикаже својата најнова продукција „Кристофор Колумбо“, по текст на Мирсолав Крлежа, а во режија на Љубиша Георгиевски.
Актерската екипа на претставата Кристофор Колумбо ја сочинуваат: Роберт Вељановски, Рубенс Муратовски, Александар Степанулески, Димитрије Доксевски. Гласови позајмуваат актерите: Ѓорѓи Тодоровски, Зоран Љутков, Игор Стојчевски, Игор Ангелов, Анастас Тановски, Златко Митрески, Игор Георгиев, а како морнари се појавуваат: Марко Дојоски, Дарко Карбески, Исидор Јованоски, Игор Доневски, Марко Илиќ, Виктор Бужаров, Петар Стојанов, Антониј Ѓорѓиев, Мартин Минговски, Мишо Димитријевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.