Од турското министерство за внатрешни работи соопштија за најмалку 28 жртви, но и над десетици повредени, досега нема информации за тоа дали станува збор за терористички напад.
Според очевидците пукањето започнало во паркот пред влезот на аеродромот, а таксистите кои се затекнале на местото ги превезувале ранетите лица до болниците. Турската државна телевизија објавува дека една од бомбите била активирана на терминалот, каде што пристигнуваат патниците од меѓународните летови. На аеродромот владее вистинска паника, патниците оттаму бегаат по автопатот, а на местото на настанот се присутни турските безбедносни сили, како и возила на брзата помош.
Според информациите обезбедени од страна на министерот за правда Бекир Боздаг, , напаѓачот отворил оган од автомат “Калашников”, по што експлодирал. Експлозијата се случила на меѓународниот терминал, според прелиминарните испитувања.
Истовремено, премиерот Бинали Јилдирим нарача формирањето на вонредна биро за инцидентот
Сите летови од аеродромот во Истанбул се пренасочени, односно откажани.
За последните терористички напади кои се случија во турција одговорност преземаа курдските сепаратисти и исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)