Британската полиција попладнево ги блокираше улиците околу Парламентот на Велика Британија во Лондон, откако во близина на објектот е забележано „сомнително“ паркирано возило, јави телевизијата „Скај Њуз“.
Претставник на Метрополитен полицијата во изјава за телевизијата нагласи дека во тек е операција за проверка на возилото.
– Веројатно станува збор за лажна тревога, но независно од тоа ние го проверуваме (возилото) во овој момент – изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.