| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: Политиката на ЕУ доведе до Брегзит

Aleksis-Cipras1Кризата предизвикана со одлуката на Британците да излезат од Европската Унија беше предвидлива затоа што ЕУ предолго ги занемаруваше клучните принципи на демократијата, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.

По доаѓањето на вонредниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел Ципрас изјави дека „Европа западна во предвидлива криза поради дефицит на демократија и отсуство на општествена кохезија и солидарност“, пренесоа грчките медиуми.

Тој додаде дека се надева оти „резултатот од британскиот референдум ќе послужи како повик за будење на Европа“.

Во отворениот напад на политиката на ЕУ грчкиот премиер истакна дека постои потреба „мерките на штедење да се заменат со мерки на раст, поделбите да се заменат со спојувања, невработеноста со добри работни места, а бесконечните преговори зад затворени врати со транспарентност и демократија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top