Делегација на најголемата македонска политичка партија ВМРО ДПМНЕ, предводена од претседателот на партијата Никола Груевски, денеска ја започна дводневната работна посета на Брисел, каде делегацијата остварува и ќе оствари голем број средби со високи претставници на матичната европска партија, Европската народна партија (ЕПП), како и со други европски политичари.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со министрите за надворешни работи и за здравство Никола Попоски и Никола Тодоров, како и со пратениците Александар Николоски и Владимир Ѓорчев, денеска во Европскиот парламент во Брисел се сретна со европратениците Маријана Петир, Милан Звер и Едвард Кукан, како и со германскиот федерален министер во Владата на Ангела Меркел за храна и земјоделство од Баварија, Кристијан Шмит.
Во изјава за МИА по средбите, Груевски истакна дека оваа дводневна посета е партиска посета и е во контекст на евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и за санирање на штетите по македонската држава настанати од политичката криза, што според него, во земјата ја предизвика опозициската СДСМ.
–Средбите со европските претставници што ги имав денеска поминаа одлично. Ние сме дојдени тука во партиска посета. Разговорите што денеска и утре ќе ги имам со повеќемина во Брисел се во контекст на евроатлантските интеграции на Македонија и за намалување на штетите од политичката криза во Република Македонија, а во однос на нашите евроатлантски интеграции. Ние сме дојдени да се видиме со повеќе пријатели на Македонија и пријатели на ВМРО ДПМНЕ. Со дел од нив имавме денеска средби, а продолжуваме и во текот на утрешниот ден, така што ќе имаме поголем број средби на кои што разменуваме различни информации, мислења и ставови и секакви други прашања поврзани со евроатлантските интеграции на Македонија. Но, како што реков, разговаравме и за намалувањето на штетите од политичката криза предизвикана од опозицијата во земјата, а во поглед на македонските евроатлантските интеграции – изјави Груевски.
Во текот на утрешниот ден, партиската делегација на ВМРО ДПМНЕ предводена од Никола Груевски во Брисел, исто така, има набиена агенда според која се очекува дузина средби со високи политички претставници и дипломати од Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)