| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот Пол Хотхаузен ќе готви индонезиска кујна во „Јавна соба“

Индонезиската кујна се буди во осумдесетите години на минатиот век. Заснована на традиција и специфични вкусови, се модернизира, афирмира преку светски медиуми и станува атрактивна за гурманите од целата планета. Основата на оваа кујна е разновидна, свежа храна приготвена со зачини и избор на повеќе видови месо и зеленчуци

Првпат во Македонија се организира кулинарска работилница за приготвување  на иднонезиска храна во Центарот за иновации „Јавна соба“ во Скопје.

Презентацијата почнува вечерва, 28 јуни во 20 часот.

Ритуалот на конзумирање на храната од овој тип налага уживање во текот на целата вечер. Оние кои сакаат да се запознаат со техниките на пригoтвуање на храната на 29. јуни ќе можат да учествуваат на работилницата за приготвување на индонезиска храна предводена од Пол Хотхаузен.

311aa964-740f-47c4-9396-9fda8ea724b3

Пол Хотхаузен

Индонезиската кујна се буди во осумдесетите години на минатиот век. Заснована на традиција и специфични вкусови, се модернизира, афирмира преку светски медиуми и станува атрактивна за гурманите од целата планета. Основата на оваа кујна е разновидна, свежа храна приготвена со зачини и избор на повеќе видови месо и зеленчуци. Кујната е комплетна рефлекција на географската положба и структура. Индонезија е групација на 6.000 острови, повеќе од 300 етникуми кои како резултат имаат повеќе од 5.300 национални рецепти за храна. Сервирањето на храната за овој настан е поврзано со географијата на Индонезија.

„Јавна соба“ започна едногодишен проект на кулинарско издигнување и во рамки на истиот ќе организира серија на гастрономски претставувања на разновидни кујни кои не се застапeни во редовната понуда во земјава во хотелиерството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top