| четврток, 6 декември 2018 |

Тажната југословенска приказна: Денес ми загинаа тројца другари, само сакам да останам жив (Видео)

vojna jugo

Во 1991 година Бахрудин Калетовиќ беше војник во ЈНА кога веќе беа почнати борбите во Словенија. Тој преплашен пред камерите зборуваше дека нема поим зошто е таму и зошто треба да пука против цивилите. Тој на денешен ден пред точно 25 години ја дал изјавата која ја виде цела Југославија, а јасно говори за бесмисленоста на граѓанската војна во сојузната држава.

Известувачот на „Јутел“, Ивица Пулјиќ, разговарал со тогаш 19-годишниот Бахрудин Калетовиќ, млад војник на Југословенската народна армија кој се затекнал на боиштето „ни крив, ни должен“ и со својот искрен и наивен одговор го дал веројатно најдобриот опис за штотуку започнатата војна помеѓу народите кои со децении живееја во слога и единство. Погледнете што вели младото момче во ситуација кога се бори за својот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top