Пејачката Јелена Марјановиќ (33), била убиена во шума, а потоа фрлена во каналот каде беше пронајдено нејзиното тело, покажуваат последните наоди од истрагата.
– На местото каде лежело нејзиното безживотно тело, форензичарите не пронашле големи траги од крв, ниту знаци кои укажуваат дека тука имало борба. Ова сугерира дека таа била убиена на некое друго место затоа што морало да има отпор од нејзината страна поради големиот број на удари во главата. Иако некој се потрудил во непосредна близина на телото да го остави нејзиниот мобилен и патика, за да изгледа како тука да ја сочекал, веруваме дека злосторството е сторено поинаку. На местото каде што пејачката била фрлена, борбата е исфингирана. Заради тоа претпоставуваме дека убиецот Јелена ја сочекал кај втората рампа, ја одвел до шумата каде што ја убил, а потоа телото го фрлил во каналот, изјавил извор близок до истрагата за Ало.рс.
Како што наведува тој, постојат трагови кои укажуваат на тоа дека Јелена, со убиецот кој го познавала, била однесена низ населбата Црвенка кон обиколницата, а потоа тргнале во шумата каде има доста темни места, погодни за некој кој планира такво злосторство.
– Постојат сомневања дека таму некаде таа се скарала со убиецот, што ја потврдува теоријата дека се познавале. По расправијата дошол до првиот удар, а потоа и сите останати кои следеле. Повеќе удари примила во задниот дел на главата, што укажува на тоа дека била свртена со грб спрема убиецот и не очекувала напад. Нејзиното викање не можело да се чуе затоа што се наоѓале на пусто место, додал изворот за српскиот весник.
– Не се исклучува можноста убиецот да чекал вистински момент за да се врати по телото со соучесник и да го одвезе до каналот каде беше најдено. Таму да ги фрлил телефонот и патиката, намерно, за да го прикаже тоа место како место каде злосторството се случило, завршува тој.
Инаку, за потсетување, Јелена беше убиена уште на 2 април, а по нејзиниот убиец се уште се трага. Од истрагата велат дека со овие најнови сознанија, тие се поблиску до апсење на сторителот, затоа што кругот на осомничени станува потесен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка