Лионел Меси едноставно беше неутешен по новиот горчлив пораз во едно финале со Аргентина, по кое верувале или не, најголемата ѕвезда на „гаучосите“ најави и повлекување од националната селекција.
Меси беше еден од најголемите трагичари бидејќи утна еден од ударите од 11 метри при пенал рулетот со Чиле, а уште пред Силва да го постигне последниот гол, Лео едноставно знаеше дека веќе доживеа едно од најголемите разочарувања во својата кариера.
Капитенот на Аргентина беше разочаран како никогаш, замина на клупата за резерви каде што неколку минути седеше осамен, а откако реши да им се придружи на колегите, попушти емотивно.
Меси едноставно не можеше да ги сокрие солзите по четвртиот пораз во едно големо финале со Аргентина, факт кој го
натера да донесе одлука за повлекување од репрезентацијата, која допрва ќе видиме дали ќе биде и дефинитивна со оглед на тоа што за две години следува мундијалот во Русија кој според многумина е последна шанса за Лео за светска титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)