Речиси 200 креативни фотографии настанаа во една недела на единаесеттата по ред Фотософија, бесплатниот семинар за напредна фотографија кој од 12-19 јуни се оджа во Терме Тухељ под водство на Дамир Хојка, наградуваниот фотограф кој веќе 30 години создава, а во последното десетлетие и го пренесува своето знаење на младите фотографи.
Петнаесет одбрани и оваа година на Фотософија дојдоа од целата Хрватска, а им се приружи и семинаристка од Србија и два фотографа од Босна и Херцеговина. Арт фотографијата е само една од темите кои семинаристите ги фотографираа.
– Кај фотогрфирањето на секој портрет фотографот мора да биде што покреативен. На семинаристите секогаш им велам да не снимаат класичен портрет, туку да снимат нешто забавно, надреално и ликовно атрактивно, вели Хојка.
Во седумте дена младите фотографи имаа можност да видат како изгледа еден ден во животот на моден фотограф. Со помош на Хојка и Фрањо Матковиќ еден од најталентираните млади модни фотографи во Хрватска, тие учеа како да комуницираат со моделите, каде да го позиционираат светлото и како да одберат најдобра локација за снимање.
Покрај Хојкиниот вовед во филозофијата, предавање на тема Портрет на селебрити одржа и прославениот шпански фотограф Хавиер Салас, кој во Терме Тухељ дојде во организација на амбасадата на Шпанија во Загреб. Салас во својата кариера фотографирал бројни познати глумци и пеачи како Антонио Бандерас, Џенифер Лопез и Пенелопе Круз која ја портретирал највеќе пати во својата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.