Вредноста на фунтата продолжува да паѓа на азискиот пазар во понеделник, по најлошиот ден кој се случи во петокот.
Во однос на доларот, вредноста на фунтата во петокот беше пониска за 2,6 отсто и изнесуваше 1,34 долари, а во однос на еврото падна за 1,4 отсто.
Властите во Азија се ободуваат да го стабилизираат финансискиот пазар. По итниот состанок на јапонскиот министер за финансирање Таро Асо изјави дека добил инструкции од преиерот да почне да работи на стабилизиација на конкурентноста на пазарот ако биде потребно.
– Ризикот и неизвесноста остануваат на финансиските пазари – изјави Абе.
Првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјави дека заминувањето на Велика Британија од ЕУ го изненади финансикиот пазар, но нема место за паника и оти се е под контрола.
Во меѓувреме Велика Британија се подготовуа за пад на вредноста на фунтата од 10 отсто во однос на доларот во наредниот период. Моментно се бележи дефицит во тргувањето, инвестициите и трансферот на парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.