Шестиот осминафинален натпревар на Европското првенство во Франција заврши без изненадувања, бидејќи еден од главните фаворити за освојувањето на шампионатот, селекцијата на Белгија славеше убедлива победа над Унгарија со 4-0.
Избраниците на селекторот Марк Вилмотс можеа да слават и со поубедлива предност бидејќи домонираа во текот на целиот натпревар а упатија и повеќе од 20 удари кон противничкиот гол. Најдобар играч на мечот за Белгијците беше Еден Азар кој буквално ги излудуваше противничките играчи. Беше стрелец на еден гол, а имаше и една асистенција кога како на тацна го послужи Миши Батшуаи.
„Црвените ѓаволи“ доминираа во текот на целиот натпревар и сосема заслужено дојде до овој убедлив триумф, иако Унгарците неколку пати беа опасни по голот на Тибо Куртоа при негатива од само 1-0. Сепак тоа отворање на нивната игра значеше многу простор на спротивната страна, што Белгијците знаеја како да го искористат.
Де Бруин во 10. минута изведе скратен корнер, а во мешаницата најдобро се снајде дефанзивецот Алдервајрелд, кој со прецизен удар со глава ја доведе Белгија во водство. Ваквиот резултат придонесе системот на игра на Унгарците да биде нарушен, со тоа се отвори и многу простор за избраниците на Марк Вилмотс, кој од бројни контри и полуконтри сепак не успеаја да постигнат втор гол во полувремето. Главен виновник за тоа сигурно беше унгарскиот голман Габор Кирали, кој имаше седум одлични интервенции во првите 45 минути, меѓу нив и онаа при слободниот удар на Де Бруин кога со помош на гредата го спаси својот гол.
Скоро до половината на второто полувреме Азар и другарите ја смирија играта, но откако Унгарците на двапати се заканија, мораа дополнително да притиснат и за само две минути да постигнат два гола.
До вториот погодок се чекаше се до 78. минута, кога погоди нововлезениот Миши Батшуаи по асистенција на Еден Азар. Токму капитенот на Белгија го постигна следниот гол во 80. минута по еден брз противнапад. Точка на натпреварот стави уште еден резервист Јаник Караско, кој погоди во последната минута од натпреварот.
Во четвртфиналето, Белгија ќе игра против Велс во петок во Лил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)