Таксист во Битола силувал девојка додека момчето го заклучил во возилото. Инцидентот се случил во петокот вечерта околу 21 часот, кога момчето и девојката на возраст од 24 и 25 години влегле во такси возило „фолксваген пасат“, со кое управувал педесет и четиригодишен таксист, кое било паркирано во битолската населба Баир.
Таксистот почнал да се расправа со момчето за наводен долг и му зел 100 евра, пари коишто момчето ги држело во раце. Потоа ги заклучил вратите од возилото и со голема брзина се упатил кон излезот од градот.
Застанал во темна улица, ја извлекол девојката насилно од возилото, додека момчето го заклучил во истото, а потоа извршил полови дејствија врз девојката.
Потоа го отклучил возилото и го извлекол и момчето надвор, го удрил и заминал од местото на настанот. СВР-Битола превзема мерки за расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.