| четврток, 6 декември 2018 |

Битола: Таксист го заклучил момчето во возилто, ја силувал девојката

Таксист во Битола силувал девојка додека момчето го заклучил во возилото. Инцидентот се случил во петокот вечерта околу 21 часот, кога момчето и девојката на возраст од 24 и 25 години влегле во такси возило „фолксваген пасат“, со кое управувал педесет и четиригодишен таксист, кое било паркирано во битолската населба Баир.

Таксистот почнал да се расправа со момчето за наводен долг и му зел 100 евра, пари коишто момчето ги држело во раце. Потоа ги заклучил вратите од возилото и со голема брзина се упатил кон излезот од градот.

Застанал во темна улица, ја извлекол девојката насилно од возилото, додека момчето го заклучил во истото, а потоа извршил полови дејствија врз девојката.

Потоа го отклучил возилото и го извлекол и момчето надвор, го удрил и заминал од местото на настанот. СВР-Битола превзема мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top