| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се нападнати со специјални средства

gruevski ums 1Од почетокот на 2015-тата до денес, ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се нападнати со специјални средства, а СДСМ ја има добиено улогата да одглумат вешт напаѓач.Слабо ја вршат таа улога, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во обраќањето на 25-тата годишна конференција на Унијата на млади сили.

-Добро е што огромното мнозинство од народот брзо ја свати играта, и не дозволи да подлегне на овој подмолен напад, чии цели сигурно не се во интерес на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија, направи проценка на ситуацијата и изгради своја сопствена стратегија за одбрана и надминување на ситуацијата. Таа стратегија некој ја одобрува и поддржува, а некој ја критикува од различни аспекти. Секој различно, зависно од информациите кои ги поседува, аналитичките капацитети, сопствениот карактер и политичко искуство. Таа стратегија не подразбира дека проблемот ќе се надмине без пречки, опструкции, кризи во нејзиното спроведување, лични откажувања и жртви, времени остапки,попатни корекции и слично.

Целите на стратегијата се, на прво место државата и нејзиниот интерес, како и интересот на народот, по цена за тоа да се жртвуваат одредени партиски или нечии лични интереси. Значи државата пред партијата – на дело.

Втора цел е надминување на ситуацијата и излегување на предвремени избори, на кои народот одкако беше дозволено на креаторите на кризата да го употреби целото негово деструктивно, манипулативно и несекојдневно оружје, и се разбира одкако тој ист народ го виде нашиот однос и работа и пред оваа политичка криза, и во нејзиниот тек, да му сеовозможи да донесе одлука преку фер и слободно гласање. Да си каже кому му верува, и која политичка гарнитура со која политичка платформа и програма, како и начин на работа и функционирање, сака понатаму да ја води државата во наредните четири години- посочи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top