Отешево првпат ќе биде домаќин на најатрактивниот олимписки спорт во светот –триатлон кој ќе одржи в сабота, на 26 јуни.
Општина Ресен и Триатлон федерација на Македонија првпат ќе организираат спринт триатлон во девет категори.
-Среќни сме што имаме голема поддршка и помош од градоначалникот Ѓоко Стрезовски од Општина Ресен и локалните спортски здруженија. Отешево е прекрасен предел за организација на триатлон натпревари и сите услови се исполнети.
Спринт дистанцата се состои од 750 метри пливање, 20 километри велосипедизам и 5 килиметри трчање. Мерењето на време ќе биде електронско. Се очекуваат над 60 натпреварувачи од Македонија, САД и од Србија.
Натпреварот ќе започне во 10 часот во Отешево во одморалиштето „Лејк Вју“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонскиот бисер, Охрид, домаќин на ЕТУ Балканското првенство во триатлон
-
Паника кај „огнените“: Пет првотимци прескокнале тренинг пред финалето на Мундијалот!
-
Мексиканскиот селектор му одговори на Нејмар: Фудбалот е за мажи, а не за кловнови
-
Ново изненадување на мундијалот: Сенегалците подобри од Полска