Повеќе нема никакви дилеми кога е иднината на Џејми Варди во прашање. Англискиот напаѓач денес стави потпис на нов, четиригодишен договор со Лестер.
Изминатиот период многу се пишуваше за трансферот на Варди во Арсенал, откако „топџиите“ ја активира откупната клаузула на играчот, па се чекаше само одговор од англискиот напаѓач.
Иако сите веруваа дека тој ќе прифати да се пресели во Арсенал, сепак Варди одлучи да им остане верен на „лисиците“ и денес потпиша нов договор. Еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата минатата сезона и во наредните четири години ќе остане во Лестер, што е дефинитивно одлична вест за навивачите на овај клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.