| четврток, 6 декември 2018 |

Jа лажел зад грб? Зоран ја изневерувал Јелена со оваа пејачка

zoran

Мајката на монструозно убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ последниве денови често се преиспитува дали убиството на нејзината ќерка е навистина сторенено во излив на страст, како што многумина оценија, или можеби е нарачка. Како што тврди соседка на мајката Зорица, таа често седи и се прашува дали можеби некој намерно ја убил нејзината ќерка со некаква цел, или се работи за психопат.

-Жената веќе не знае што да мисли. Кутрата, само седи и се нервира. Се преиспитува кој би можел да и наштети на Јелена. И треба време да ги склопи коцките, вели сосетката.

Според неа, пејачката Инди која ја оплакуваше Јелена и велеше дека се најверни другарки, воопшто не биле блиски, а тоа било само маска за јавноста.

– Инди е заљубена во Зоран, барем така Јелена мислеше. Се скараа пред пет години. Не беа пријателки од тогаш. За разлика од неа, Нада секогаш беше покрај неа. Затоа Зорица се сомнева дека можеби сопругот на нејзината ќерка имал нешто со Инди, вели таа.

И три месеци по крвавото убиство, останува мистерија, кој и зошто посегна по животот на Ѕвездата на Гранд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top