Со дуелите од 3. коло во групата Е завршена е првата фаза од натпреварувањата на ЕП во Франција. Шведска е елиминирана, Ибрахимовиќ го одигра последниот натпревар во дресот на оваа репрезентација. Ирска постигна важна победа над Италија.
За разлика од „Азурите”, за Ирците вечерашниот меч беше од огромно значење, па уште од самиот почеток беа поамбициозен и поконкретен противник на теренот.
Во првите 30 минути Хенрик, Марфи и Дафи имаа шанси за погодок, но безуспешно.
Дури во 43. минута Италијаните го упатија првиот шут кон голот на Ирците, Имобиле се обиде од дваесетина метри, но не беше прецизен.
Две минути подоцна имаше една спорна ситуација во казнениот простор на Италија, кога Бернадески го собори Меклин при неговиот продор во шестнаесетникот, но судијата не се огласи.
И во второто полувреме Ирците продолжија со доминантната игра, а веќе во финишот на мечот тргнаа на се или ништо. Хулахан пропушти стопроцентна шанса кога во една ситуација се најде сам пред италијанскиот голман, но не успеа да го совлада.
Но, две минути подоцна се извади со одличниот центаршут од десната страна, а Брејди со глава биеше прецизно за 1-0, гол вреден за пласман на Ирците во осминафиналето.
Италија – Ирска 0-1
Во другиот дуел од групата Е, Швеѓаните стартуваа поагресивно во дуелот со Белгијците. Веќе во петтата минута ја имаа првата шанса, но Маркус Берг од непосредна близина на голот не успеа да го совлада белгијскиот голман Куртоа.
Во вториот дел се „разгори” борбата, Швеѓаните само со победа ќе можеа да се надеваат на пласман во наредната фаза, но и Белгијците не смееја да ризикуваат со пораз.
Во 72. минута Белгијците се заканија преку Лукаку, но Исаксон успеа да го одбрани неговиот удар.
Само минута подоцна истиот играч ја затресе мрежата на Шведска, но голот не беше признат поради офсајд. Швеѓаните веднаш се заканија на спротивната страна, но топката заврши само покрај голот.
За натпреварот да не заврши без голови се потруди Наинголан, во 85. минута упати неодбранлив проектил во десниот агол од голот, Исаксон беше совладан за конечни 1-0. Сепак, Белгија остана второпласирана и покрај поразот на Италија.
Шведска – Белгија 0-1
Конечна табела во Група Е:
1. Италија 6 бода
2. Белгија 6
3. Ирска 4
4. Шведска 1
Конечен пласман на третопласираните репрезентации:
Од Група Б: Словачка (4 бода)
Од Група Е: Ирска (4 бода)
Од Група Ф: Португалија (3 бода)
Од Група Ц: Северна Ирска (3 бода)
– – – – – – – – – – – – –
Од Група Д: Турција 3 бода
Од Група А: Албанија 3 бода
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот