| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачот на „Лед Цепелин“ на судење: Не се сеќавам на ништо

Пејачот на легендарната рок-група „Лед цепелин“ Роберт Плант изјави на суд за време на едно сослушување за наводниот плагијат на песната „Stairway to Heaven” дека има слабо памтење за периодот кога е напишана песната.

Тој изјави дека не се сеќава за здружувањето со групата „Спирит“, чии членови велат дека групата „Лед Цепелин“ ги украла акордите на песната во 1970 година.

– Не се сеќавам за некакво здружување ниту со една група – изјави Плант предизвикувајќи смеење во судницата.

Во преполната судница Плант изјави дека тој и неговата сопруга доживеале сообраќајна несреќа и дена не се сеќава на вечерта кога наводно требале да се сретнат со членовите на „Спирит“. Тие претходно изјавија дека еден од нив пиел пиво со Плант по свирката во еден клуб во кој групата „Лед Цепелин“ исто така настапувале во 1970 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top