Репрезентацијата на Турција останува со каква-таква надеж за пласман во осминафиналето на Европското првенство во Франција, откако во 3. коло од Групата Д славеше со 2-0 против Чешка по што со три бода заврши на третата позиција во групата зад Хрватска и Шпанија.
Турците, останува до утре да ја чекаат разврската од последните две групи, по триумфот против Чешка. Победата ја најавија уште во 10. минута од средбата со прекрасниот гол на Бурак Јилмаз.
Доминацијата ја заокружија и со вториот гол во второто полувреме. Во 65. минута, одлична акција поведе Мехмет Топал која успешно ја заврши Озан Туфан.
До крајот се обидуваа Турците да стигнат и до поубедлив триумф, но не успеаја по третпат да ја затресат мрежата на Петар Чех.
Со оваа победа Турција заврши на третото место во групата Д и со три бода ќе се надева на пласман во осминафиналето на Европското првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)