| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот шампион потклекна пред хрватскиот „резервен“ состав во борба за првото место (видео)

Репрезентацијата на Хрватска успеа во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Франција во дерби дуелот во борба за првото место во групата Д, го совлада актуелниот европски шампион, Шпанија со 2-1.

hrvatska

Вечерва во Бордо „коцкестите“ покажаа ниво на игра со кое може да надеваат и на пласман во самата завршница на овој шампионат. Одлично ја заокружија групната фаза со три феноменално одиграни натпревари и со две победи и едно реми сосема заслужено го заземаа првото место.

Силниот хрватски состав настапи без Лука Модриќ и Марио Манџукиќ и не се исплаши од „црвената фурија“ иако имаа негатива по само седум минути игра откако Алваро Мората ја затресе мрежата на голманот Субашиќ.

Избраниците на селекторот Чачиќ беа подобар противник особено во првото полувреме бидејќи не реализираа неколку шанси за израмнување особено по ударот на Ракитиќ чиј шут заврши во пречката па во стативата на Де Хеа.

Најдобриот поедиец на мечот, играчот на Интер Иван Перишиќ одлично нафрли во последната минута од првото полувреме, а Калиниќ во манир на голем голгетер со петица го надмудри голманот на Шпанците.

Во второто полувреме Шпанија се обиде да стигне до полн погодок, но најзрелата шанса ја испушти капитенот Рамос кој пропушти од пенал да ја доведе својата репрезентација во водство во 72. минута. Сепак правдата беше задоволена бидејќи холандскиот судија Кујперс не досуди чист пенал за Хрватска откако Рамос го собори Пјаца, а веќе во следните моменти им подари најстрога казна за „црвената фурија“.

kalinic

Очекувано, Шпанија беше селекцијата што доминираше во финишот, но потоа бранителот на трофејот беше шокиран во Бордо. Хрватска тргна во противнапад преку Калиниќ, кој го проигра во празно Перишиќ, многумина очекуваа играчот на Интер да нафрли кон средината, но тој си директен удар го измами Де Хеа, постигнувајќи го голот што значи пласман на првото место во групата и избегнување на Италија како ривал во осминафиналето.

За следната рунда Чачиќ би требало на располагање да ги има и Модриќ и Манџукиќ, па Хрватската со играта што ја покажува во досегашниот дел од шампионатот се погласно се вбројува меѓу кандидатите за највисок пласман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top